ДОМИЈАДА ВЕЛЕС 2023

ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“Велес ДОМАЌИН на XXIX ДОМИЈАДА, ВЕЛЕС 2023
Во период од 26.05.2023 до 28.05.2023 година, Домаќин на XXIX Домијада беше ОУД„Лазар Лазаревски“Велес. Домијадата ја организира Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Северна Македонија, под покровителство на Министерството за образование и наука. Во рамки на Домијадата Велес 2023 во спортската сала „Гемиџии“ се играа натпревари во кошарка, ракомет, фудбал и пинг понг. Во просториите на Домот се одиграа натпревари во шах, беше одржана тркалезна маса т.н. ученички парламент, а на монументалниот споменик Спомен костурница Велес беше организирана ликовна колонија. На сите натпревари и активности во рамки на Домијадата Велес 2023, учество земаа ученици и студенти од речиси сите ученички и студентски домови во државата. Домијадата Велес 2023 ја посетија гости од Република Србија, Република Хрватска, Република Словенија, Црна Гора и Република Косово. Домијадата Велес 2023 ја отвори директорот на ОУД„Лазар Лазаревски“Велес,      г-дин Марјанчо Јорданов кој со слоганот „НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ“ им даде поттик на учесниците, со спортски дух и младешки елан да ги одиграат спортските натпревари во рамки на Домијадата. Сите учесници на Домијада Велес 2023 добија медаљи за учество, а на најдобрите им беа доделени пехари и дипломи. На завршната манифестација - затворањето на Домијадата, учесниците си упатија спортски поздрав „Во новата Домијада, до нови спортски победи“.