ОДРЖАН СОСТАНОК СО УЧЕНИЦИТЕ КОИ ЗА ПРВПАТ ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА СЕ ДЕЛ ОД ОУД,,ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ" ВЕЛЕС!

На ден 10.09.2015 год. (четврток) во просториите на ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес се одржа заеднички состанок на директорката со оние ученици кои за првпат оваа учебна година се сместија во Ученичкиот дом. На состанокот детално им беше презентиран Куќниот ред на учениците, а воедно им беше посочено дека најважно од се е сите да се однесуваме одговорно кон своите обврски, во склад со Законската регулатива и секако, во согласност со кодексите на однесување.
Истовремено, учениците имаа можност да дадат свои забелешки, предлози и сугестии, кои што можат да бидат вградени во некоја од програмите за работа на Ученичкиот дом.

Галерија