Континуираното подобрување на условите за престој на учениците во ученичкиот дом и големиот број на активности реализирани во изминатиот период, резултираше со огромен интерес за сместување во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес. Капацитетот е 100% исполнет. Сместени се вкупно 221 ученици кои посетуваат настава во едно од четирите средни училишта во градот.
„За време на летниот распуст на учениците во Ученичкиот дом беа извршени подготовки за подобрување на условите за престој и исхрана на учениците: - поставена е бекатонска патека во дворот на ученичкиот дом - обезбеден е паркинг за велосипеди - хортикултурно уредување на дворот на Домот - превземени се сите мерки за санитарно-хигиенската состојба на Ученичкиот дом Согласно препораките од Министерството за здравство - санација и молерисување на занималните, спалните соби и ходниците - санација и молерисување на цоклиња со мрсна боја во ходници - генерално чистење и уредување на зградата на Ученичкиот дом - извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација -санација во санитарните јазли( замена на плочки, промена на дел од умивалниците, промена на чешми, промена на дел од бојлерите)“, рече Василка Ѓурчиновски, директор на ОУД Лазар Лазаревски.
Големиот број на заинтересирани ученици за престој во интернатот, дополнително дава мотив, вели Ѓурчиновски да се продолжат проектите со кои се подобрува ученичкиот стандард
Извор: http://lisica.mk/index.php/veles/11599-2015-09-09-21-12-02