ОУД„ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“-ДЕЛ ОД НАЦИОНАЛНАТА АКЦИЈА „МАКЕДОНИЈА БЕЗ ОТПАД 2015“!

Учениците и вработените во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес активно се вклучија во акцијата „Македонија без отпад 2015“, реализирајќи акција за чистење отпадот во дворот на ученичкиот дом. Воедно за развивање на свест и едукација кај учениците се организираше едукативен час кој што и претходеше на акцијата, притоа користејќи ги точките на акција од третиот и четвртиот еко-стандард од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Акцијата е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.