ОУД “Лазар Лазаревски” Велес е воспитно - образовна установа за прифаќање на редовните ученици од четирите средни училишта во градот, и тоа од „Јовче Тесличков”, „Коле Неделковски”, „Димитрија Чуповски” и Гимназија „Кочо Рацин”. Тој е наменет за ученици од различни возрасти и степени на образование кои имаат потреба од домско сместување (кои се школуваат надвор од местото на живеење).
Домот својата работа ја заснова врз основа на:
- План и Програма за воспитно - образовна дејност во ученичките домови донесена 1999 година од Министерството за образование и наука на Република Македонија
- Законот за ученички стандард (Сл. Весник на Република Македонија број 52/05)
- Статутот на ОУД „Лазар Лазаревски” Велес донесен 2008 година.
Основната дејност на Домот е воспитание и образование, реализирани преку наставни планови и програми кои се одредуваат со законски прописи на Министерството за образование и наука и Биро за развој на образованието на Република Македонија.
Воспитно - образовната дејност на Домот се одвива според План и Програма, кои по предлог на Бирото за развој на образованието ги донесува Министерот, а се изготвува со непосредно учество на учениците, воспитувачите, стручните соработници и непосредната општествена заедница.